Ова се најубавите хотели во светот за 2020-та година

Ova-se-najubavite-hoteli-vo-svetot-za-2020-ta-godina.jpg

Ова се најубавите хотели во светот за 2020-та година

Корисниците на „TripAdvisor“ ги избраа најубавите хотели на светот за 2020-та година.

Поголемиот дел од хотелите кои што се најдоа на врвот на листата се наоѓаат во азиските и јужноамериканските земји, а само неколку од нив се наоѓаат во Европа.

Титулата за најдобар хотел на светот му се доделува на хотелот „Viroth’s“ кој што се наоѓа во Камбоџа.

Неговото уредување е во стилот на 50-те години на минатиот век, а опкружен е со неверојатно зеленило и градини.

Поседува 35 соби, базен долг 20 метри, спа зони, теретана, ресторан и бар на отворено и многубројни други предности.

Ова се 10-те најдобри хотели за 2020-та година според мислењето на патниците од „TripAdvisor“:

1. Viroth’s Hotel, Siem Reap, Камбоџа
2. Hanoi La Siesta Hotel & Spa, Hanoi, Виетнам
3. Tulemar Bngalows & Villas, Manuel Antonio, Костарика
4. Quinta Jardins do Lago, Funchal, Португалија
5. The Omnia, Zermatt, Швајцарија
6. The Upper House, Хонгконг
7. Valle D’incanto Midscale Hotel, Gramado, Бразил
8. Grand Velas Los Cabos, San Jose Del Cabo, Мексико
9. Constance Prince Maurice, Маврициус
10. Raffles Dubai, Обединети Арапски Емирати

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail