Ова се топ 10 земји со највисоки плати во 2016 година

luksemburgg.jpg

Ова се топ 10 земји со највисоки плати во 2016 година. Рангирањето ќе Ви даде повеќе информации за нивните економии.

10. Белгија: Просечна плата – 48.093 долари годишно.

Белгија има силна и разновидна економија и висока просечна плата во споредба со другите европски земји. По волумен на БДП, Белгија зазема 25 место во светот. Главно предност на земјата се правата кои добиваат работниците. На пример, тие имаат повеќе денови одмор отколку американските колеги. Платите во Белгија се исплаќаат месечно, и редовно се индексираат. Тоа значи дека Владата секоја година ги зголемува платите пропорционално на порастот на цените на типичните производи.

9. Канада:  Просечна плата -48.164 долари годишно.

Канадската економија е една од најголемите во светот. Тоа е сосема логично, имајќи ја во предвид територијата на земјата. Покрај тоа Канада е една од ретките развиени земји, кои припаѓаат на кругот на големите извозници на нафта. Државата е богата со природни ресурси и е еден од лидерите во светот на пазарот на нафта и шумска индустрија. Во последно време, сепак нејзината економија страда поради намалувањето на цената на нафтата и особено од девалвацијата на локалниот долар. Канада е втора земја во светот по докажани нафтени наоѓалишта – по Саудиска Арабија. Земјата може да се пофали со развиена рибна индустрија и како еден од светските лидери во областа на развојот на софтвер и видео игри.Високите плати во Канада се придружени со големи даноци.

Даночните приходи им обезбедуваат на сите жители на земјата бесплатно здравство и други социјални бенефиции.

8. Данска: Просечна плата – 49.589 долари годишно.

Данска има силна и разновидна економија. Ова го објаснува високиот животен стандард. Како и другите скандинавски земи и тука има и повисоки даноци. Даночните приходи се користат за финансирање на програми за здравствена заштита, образование и социјални програми за заштита на граѓаните со ниски примања. Во Данска нема минимална плата, но земјата нема потреба од таква. Тука постои најниска диференција на приходите во целиот свет.Разновидноста на данската економија и високите плати ја претвораат земјата во една од најатрактивните за работа. Покрај тоа Данска нема државен долг.

7. Холандија: Просечна плата – 51.003 долари годишно.

Холандија е една од најбогатите земји во светот по показател БДП по глава на жител. Тоа значи дека тука платите се високи. Слично како кај Данска, во Холандија даноците се високи, како и социјалните придонеси. Ова и овозможува на владата да им обезбеди на своите жители голем број на бесплатни услуги. Економијата на Холандија е силна и разообразна. Во основата и е меѓународната трговија со земји како Германија и Англија. Во Холандија се наоѓа и најголемото пристаниште во Европа. Економијата е отворена и се карактеризира со ниско ниво на инфлација и невработеност. Друг фактор во корист на земјата – 35-часовна работна недела.

6. Австралија:  Средна плата- 51.148 долари годишно.

Австралија е позната по висока минимална плата, која изнесува 17 долари на час. Тоа е највисоко ниво на минимална плата во целиот свет. Покрај тоа работната недела е 35-часовна. Австралиската економија го зазема 12. место во светот по волумен на БДП и 5.место според показател БДП по глава на жител. Економијата на земјата се базира на индустријата на услуги. Австралија е голем извозник на храна, нафта и др. Речиси не купува храна од другите земји.

5. Норвешка: Просечна плата – 51.718 долари годишно.

Норвешка е богата со природни ресурси. Тука има многу нафта, шуми и други. Во Норвешка даноците се високи, а како резултат на тоа жителите имаат пристап до бесплатна здравствено и високо образование. Нивото на невработеност во земјата е ниско. Постојано има раст на продуктивноста. За тоа придонесува 30-часовна работна недела. Благодарение на неа работниците имаат време за слободни активности.

4. Ирска: Средна плата-53.286 долари годишно.

Ирска е позната по квалитетот на живот и како една од најотворените економии на светот. Главен акцент става на технолошката индустрија.

3. Швајцарија: Просечна плата – 57.082 долари годишно.

Кога зборуваме за Швајцарија, прво што ни паѓа на ум e квалитетот на стоките и услугите кои земјата ги извезува. Нејзината економија се базира на производството – фармацевтски производи, часовници, мерни инструменти, музички инструменти, итн. Се разбира, во основата на економијата стои и банкарската сфера. Странските инвестиции претставуваат еден од најважните столбови. Развиен е и туризмот. Швајцарија се смета за една од најиновативните економии во светот. Овде го имаме еден од највисоките показатели на БДП по глава на жител, ниско ниво на невработеност и речиси секогаш избалансиран буџет.

2. САД: Просечна плата -57.138 долари годишно.

Не е тајна дека САД е најголемата економија и најбогатата земја во светот. САД е меѓу најголемите извозници на нафта и светски лидер на берзата. Американците имаат најголем чист приход на светот, но немаат слободно време. Работната недела е 44-часовна. На ниво на даноците можеме да ја споредиме со Канада, Австралија и Англија. Иако е најбогатата земја во светот, во САД е забележан најголем диференција на приходите.

1. Луксембург:  Просечна плата 61.511 долари годишно.

Луксембург е најмалата држава во списокот – и по територија и по број на жители. Нејзината економија се базира на банкарскиот сфера и инвестициите. Ова е втор во светот инвестициски центар по САД. Многу интернет-гиганти, меѓу кои Amazon и Skype, го избраа Луксембург за своја резиденција. Во земјата се уште се произведуваат различни гумени производи, а исто така и индустриска опрема. Даноците можат да се споредат по ниво со оние во Норвешка и Данска. Ова значи дека иако тука просечната плата е највисока, Луксембург не е лидер по показател чист приход.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail