Ова се топ 5 најопасни вулкани на светот

20170412194943.jpg

Географот Метју Блекет од Универзитетот во Ковентри, Англија, утврди кои се 5-те најопасни вулканот на Земјата.

Ерупцијата на овие вулкани може да доведе до смртта на илјадници луѓе.

Според мислењето на научникот, најголема опасност за животот на луѓето претставуваат вулканите Везув (Италија), Нирагонго ( Конго), Попокатепетл (Мексико), Кракатау (Индонезија) и Пектусан (Северна Кореја).

Блекет забележува дека од 1600 година, како резултат на вулканска активност загинале околу 280 000 луѓе.

Поради глад, кој настапил по ерупцијата на вулканот Тамбора во 1815 година, починале 92 000 луѓе, а ерупцијата на Кракатау во 1883 година предизвика цунами што ги однесе животите на 36 000 лица, пренесоа агенциите.

Од 80-тите години на минатиот век смртноста поради вулканска активност се намалува, но според Блекет, во значителна мера тоа е условено од случајни причини и не е поврзано со зголемена готовност кон настанување на природни катастрофи.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail