Оваа билка е ЗДРАВА, ХРАНЛИВА и ПРЕСКАПА: Еве упатство за нејзино одгледување!

rukolaaa.jpg

Успева и во домашни услови!

Руколата може да се одгледува како едногодишна билка, но наша препорака е да ја одгледувате како повеќегодишна, бидејќи во секое време ќе имате листови за берење, со пауза само во најладните месеци од годината.

Руколата е лесна за одгледување бидејќи е отпорна и на лоши временски услови, а добро го поднесува и студот. На отворено може да се одгледува од крајот на зимата, до крајот на есента, додека на затворено можете да одгледувате рукола преку цела година. Руколата е одлична и за чување во саксии, а одлично успева и на балкон, дури и ако нема доволно сонце.

Нејзините листови се најароматични во пролет и есен, додека преку лето поради недостаток на влага и високи температури можат да бидат и горчливи. Од периодот на сеење до берба не е потребно многу време. Во најладниот период треба до 2 месеци, додека на крајот на пролетта и почетокот на летото руколата е спремна за берба веќе по 4 недели од сеидбата. Најмногу се конзумира свежа, а може да се динста и вари.

Богата е со витамините Ц, К и А, калиум, манган, калциум и цинк. Полна е со антиоксиданси и покрај тоа што е многу вкусна нејзините листови се многу хранливи и здрави. Лесно се одгледува, не завзема многу простор, па вистинска штета е да немате барем еден ред рукола во вашата градина или на балконот.

Освен тоа, руколата е и многу скапа билка, достигнува цена и до 700 денари за килограм, па нејзиното одгледување дефинитивно е економски оправдано.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail