Оваа девојка е прогласена за „Мис на Русија 2017“

Во Москва се одржа „Мис на Русија 2017“. За најубава Русинка е прогласена Полина Попова од Свердловската област, соопшти во саботата „Комсомолскаја правда“.

Прва придружничка е Ксенија Александрова од Москва, додека за втора придружничка е прогласена Албина Ахтјамова од Башкирија.

Полина Попова има 21 година, но веќе од 15-годишна возраст се занимава со манекенство. Девојката учи странски јазици, готви, скија и планира да стане новинарка.

Победничката добива три милиони рубли парична награда (околу 50 илјади евра), златен ѓердан со дијаманти и автомобил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail