Оваа дрога ве убива кога ќе ја допрете, досега умреле педесетина луѓе

drogaaaa.jpg

Синтетичката дрога позната како “Pink”, која се појавила на американскиот пазар, наводно е седум пати посилна од морфиумот и поврзана е со 50 смртни случаи во САД, а американската агенција за лекови “DEA” предупредува дека од неа може да се предозирате само со допир.

“Ако ја допрете и се раствори и ви влезе во кожата и крвотокот, би можело да дојде до предозирање”, порачал Даг Колман од ДЕА.

Позната е под името “U-47700” и има бела боа, и покрај своето име. Слична е на хероин, а предизвикува ректално крварење, сериозно оштетување на нервите и смрт.

Како што пишува RT, произведена е во фармацевтската компанија “UpJohn 1975” како синтетичка алтернатива на морфиумот, а посебно е опасна бидејќи лесно може да се нарача на американскиот нарко пазар, и тоа преку интернет.

Оваа супстанца во ноември е прогласена за илегална, откако во Јута била поврзана со смртта на двајца тинејџери.

Колман предупредил дека околу 50 смртни случаи се поврзани со таа дрога, и дека ја користат луѓе од разни слоеви на општеството.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail