Оваа држава е најдобра во светот

svet_201304232218448.jpg

Швајцарија е на чело на годишната листа на најдобри држави во светот што ја објавува американското списание Ју-Ес Њуз енд Ворлд Рипорт.

Државата е на врвот од листата поради граѓанското општество, бизнис климата и квалитетот на живот.

Во првите пет места се Канада, Велика Британија, Гермнаија и Јапонија. Следуваат Шведска, САД, Австралија, Франција и Норвешка.

На дното на листата од вкупно 80 држави се Алжир, Иран и Србија. Макеоднија не е на листата.

Кина е на 20 место додека Русија е на 27-то место. Листата се прави по анкета на повеќе од 20.000 граѓани во 36 држави од сите региони во светот. Во анализата, САД се највлијателна држава во светот, а Русија е на второ место.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail