Оваа фотографија никако не би требало да ја објавите на Фејсбук!

foto.jpg

Со цел подоцна да не зажалите, два пати размислете пред да објавите една ваква фотографија на друштвените мрежи…

Причината е сосема едноставна – баркодот на вашата авионска карта открива чувствителни информации коишто апсолутно не би требало да ги споделувате на интернет мрежата.

Објавувањето на фотогрфии на друштвената мрежа Фејсбук коишто ја прикажуваат вашата авионска карта дефинитивно не претставуваат паметен потег. Не само што може да ги налутите своите пријатели коишто се досадуваат во домот, додека вие се подготвувате за патување, туку може да ви предизвикаат и многу сериозни проблеми.

Брајан Кербс, автор и блогер којшто го истражува сајбер криминалот и којшто доста внимание посветува токму на заштитата на приватноста, објаснува кои се информации ги содржи баркодот којшто е испечатен на авионската карта. Тој сакал да дознае кои се’ информации може да ги добие од баркодот на авионската карта на својот пријател, т.е. на фотографијата од авионската карта којашто својот пријател ја споделил на Фејсбук.

Откако направил „screenshot“ од фотографијата од авионската карта, пронашол веб страница од којашто многу брзо можел да ги преземе информациите коишто ги содржел самиот баркод.

Тој го добил името на патникот, неговата дестинација, детали во врска со летот, цената на картата, и тн. А потоа благодарение на сите тие информации добил пристап и до целиот профил на патникот. И не само што можел да види детали во врска со летот, туку можел да ги види и сите останати детали коишто биле забележани на профилот на патникот, пишува „Independent“.

Експертите сепак ве советуваат дека ако и покрај ова сакате да објавите фотографија од вашата авионска карта, одредени делови би требало да ги замаглите со цел да не се видат најважните информации – бројот на авионската карта, баркодот и слично.

А кога летот ќе заврши и кога картата повеќе нема да ви биде потребна, најпаметно би било да ја уништите бидејќи податоците на неа и понатаму можат да бидат достапни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail