Оваа култура не бара многу работа, а носи МИЛИОНСКА ЗАРАБОТКА!

LESNIK.jpg

Никола Грујиќ од селото Крчевац кај Топола во Србија на 3.5 хектари површина има лешник, а насадот е стар 9 години. На лешникот му требаат 10 години за полн род, и овој овоштар очекува богат род идната година.

„За овој вид овошје се одлучив затоа што не е многу застапена како јаболкото на овие простори“ – вели тој. Додава дека лешникот не е култура која бара многу работа.

Грујиќ вели дека поради добрата цена и обезбеден пласман ниту еднаш не се покајал затоа што се одлучил за оваа работа.

Тој располага со систем капка по капка, а бербата ќе ја изврши машински. Грујиќ објаснува дека вложувањата не се за џабе, а цената од 2000 динари по килограм носи добра заработка.

Додава дека за овој бизнис најважен е изборот на сорти, а бира е најдобра и успева на ова поднебје.

извор: faktot.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail