zagatka.png

Јапонскиот тест за интелигенција сигурно спаѓа во редот на најтешките во светот. Станува збор за тешка загатка во која целта е личностите со помош на сплав што е можно побрзо и во помалку чекори да преминат на другата страна од реката.

Обидете се да ја решите со помош на следниве правила:
Сплавот истовремено може да пренесе најмногу две личности.
Таткото не смее да остане без мајката кога е со ќерката.
Мајката не смее да остане без таткото кога е со синовите.
Крадецот не смее да остане сам со кој било член од семејството без полицаецот.
Крадецот може да остане сам на брегот, нема да побегне.
Со сплавот може да управува само полицаецот, таткото и мајката.
Доколку не можете да го откриете решението, ова видео ви открива кој е точниот одговор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail