Оваа земја е најскапа за студии за странци

avstralija.jpg

Истражувањето нарачано од банката HSBC и направено во 15 земји, покажува дека еден странски студент мора да плати околу 42 000 долари годишно за студирање во Австралија. Од нив 18.000 одат за издршка, а 24.000 за наставни трошоци.

Австралија е најскапата земја за странските студенти, пишува Франс прес.

Тоа е за 3000  долари повеќе отколку во Сингапур и со 6000 долари повеќе отколку студирањето во САД. Франција има најевтини трошоци од развиените економски земји со годишни трошоци од 16 777 долари. Во оваа сума вредноста на наставните трошоци чинат 247 долари.

Нешто помалку од 10% од Французите се со став дека француското високо образование е подобро од она во странство. За разлика од нив 75% од Сингапурците и 55% од Индијците се задоволни од својот образовен систем и не би студирале во странство.

Според Французите, Германија го нуди најдоброто високо образование, а потоа ги рангираат САД и Велика Британија.  Истражувањето е спроведено електронски во 2013 и 2014 година во Франција, Велика Британија, Турција, Австралија, Индонезија, Тајван, Кина, Хонг Конг, Сингапур, Малезија, Индија, САД, Бразил, Канада и Мексико. Вклучени биле 4 592 родители кои имаат барем едно дете студент.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail