Кина ќе издава долгорочни визи од пет до 10 години како би привлекла за работа во земјата висококвалификувани луѓе.
Тоа вклучува технолошки лидери, претприемачи и научници од сектори во кои постои најголема побарувачка, известуваат тамошните државни медиуми.
Кина поставила цели на економски и социјален развој, при што клучот за нивно постигнување го гледа токму во регрутирање на експерти од странство.
Кога прв пат се разгледувани плановите за програмата, Кина најави дека планира да привлече најмалку 50 000 странци.
За визи може бесплатно да се пријавите по пат на интернет, а кинеската влада гарантира брза обработка на барања.
Оние кои добијат виза ќе може да останат во земјата 180 дена одеднаш, а ќе имаат право да донесат партнер и деца.