Oваа земја ќе ја „убијат“ туристите

islanddd.jpeg

Стручњаците предвидуваат дека Исланд оваа година ќе биде посетен од страна на околу 2.3 милиони странски туристи, што е за пет пати повеќе отколку пред седум години.

Значајно зголемениот интерес за оваа туристичка дестинација започнал во 2010-та година, после ерупцијата на вулканот Ејафјадлајекидл, а од тогаш се чини дека интересот и воопшто не стивнува.

Секако, не е само вулканот заслужен за популарноста на Исланд. Поради питорескните пејзажи, живописните села, но и вешто осмислените маркетингшки камшпањи, огромниот број на туристи во оваа земја од година во година нагло се зголемува.

Во периодот помеѓу 2010-та и 2014-та година бројот на тур-оператори е зголемен за четири пати, а дополнителен проблем предизвикало и основањето на националната авио-компанија WIzzAir, којашто во 2012-та година започнала да нуди екстремно ниски цени за летовите, поврзувајќи ги Европа и САД и служејќи им на многумина како станица за преместување.

И додека секоја трета личност на Исланд своето работно место му го должи токму на туризмот, којшто оваа година на земјата ќе и донесе 3.4 милијарди долари, овој успех доаѓа и со висока цена – огромниот број на посетители исто така ја уништуваат инфраструктурата како и чувствителниот локален екосистем.

Состојбата е толку екстремна што огромен број на локални жители наведуваат дека имаат чувство дека едноставно мора да се отселат во текот на летото за да направат место за посетителите.

– Чувствувам дека овој град повеќе не е мој град, туку нешто како предградие на Дизниленд, изјавила Биргита Јонсдотир, една од жителките.

Нови хотели во Рејкјавик пак постојано никнуваат, а во меѓувреме е објавен и водич на англиски јазик, во којшто туристите се советуваат како да се однесуваат, а помеѓу останатото се советуваат и да не ги ставаат рацете во гејзерите за да видат како водата прска. ..

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail