pari.jpg

Од 1-ви јануари во американската држава Вермонт на сила стапил законот за државата да почне да им плаќа на луѓето да се преселат таму.

Државата им дава 10.000 долари за две години на луѓето кои се подготвени да работат далеку од својот дом, односно во компанија надовор од Вермонт.

„Имаме демографски проблем во земјата. Потребни ни се повеќе луѓе“, рекол гувернерот на државата, Фил Скот.

Според Бирото за попис на населението во САД, Вермонт е трета по големина држава со највисока средна возраст, 42.7 години, а државното население е малку повеќе од 600.000 луѓе и дури благо се намалува.

Меѓутоа, сите кои се заинтересирани мора да побрзаат, бидејќи парите за програмата се ограничени и ќе бидат поделени според принципот „кој прв дојде, тој прв ќе добие“. Законодавците издвоиле 500.000 долари за оваа програма.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail