Оваа земја станува 100 проценти органска

organska-hrana.jpg

Данска е веќе многу напред, кога станува збор за производство на органска храна. Дали оваа држава сега ќе стане и 100 проценти попопуларна? Нам ни се чини дека ќе стане. Земјата која себеси си поставила неверојатно храбра и здрава цел – до 2020 година целото производство на овошје, зеленчук и растенија да го претвори во органско и биодинамичко е – Данска.

Државата ги поттикнува и им нуди разни поволности на жителите за да го претворат земјиштето во органско, а се стимулира и зголемување на побарувачката за органски производи, пренесува магазинот LifeGate.

Иако Скандинавците генерално се познати по негувањето на завидно здрави навики, а трендот на органска исхрана во Данска е присутен практично отсекогаш, државата сепак препознала потенцијал во ваквата исхрана и нејзината се` поголема популарност. Па така, Данска само минатата година вложила повеќе од 53 милиони евра за да го пренасочи своето земјоделство од конвенционални на органски методи и така да стане првата држава во светот која произведува 100% органска храна.

Извозот на дански органски производи напредува
Данска е веќе многу напредната кога станува збор за производство на органска храна. Нивниот национален органски бренд слави веќе четврт век, 97% од граѓаните се запознаени со неговото значење, а извозот на дански органски производи од 2007 година е зголемен за 200%.

Тамошната влада донела Акциски органски план за Данска и во него во 67 точки пропишала што треба да направат за да ја остварат целта до 2020 година целата земја да произведува исклучиво органска храна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail