Оваа жена некогаш копала по контејнери, а денес има фирма со 15 вработени

zijada-520x341.jpg

Кога пред 21 година Босанката Зијада Ишиќ од Травник почнала да копа по контејнери, единсвена цел и било само да преживее и никогаш не сонувала дека ќе стигне онаму каде што е сега. Taa денес е сопственичка на успешна фирма за Еко индустриски отпад со 15 вработени.

На местото каде сега се наоѓа фирмата некогаш имало депонија, а упорноста и истрајноста на оваа жена може да биде пример за многумина.

– Многунима ми се смееја, но мене никогаш не ми беше срам. Срам ми беше да крадам и да сстанам крадец, изјавила Зијада за Федерална.ба.

Тоа што за многумина било ѓубре, за Зијада и нејзиноото семејство било капитал со кој трпеливо ја граделе фирмата. Денеска сортираниот отпад од стакло, пластика, ткаенина и хартија откупуваат од 17 препријатија и ги продаваат во странство.

– Денеска тоа е производ број еден кој е многу баран на европскиот пазар, Ние можеме да им го понудиме, а тие може да го платат, вели Зијада.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top