Овие намирници го зајакнуваат имунитетот “до максимум”

ovosje-1.jpg

Витаминот Ц е од суштинска важност за организмот – тој помага во растот и обновувањето на ткивата, создавањето на колаген, благотворно делува на кожата, крвните садови, тетивите и го зајакнува имунитетот.

Меѓутоа, витаминот Ц е растворлив во вода па затоа организмот не го создава и не го задржува. Затоа е неопходно да го внесувате преку исхраната, а во продолжение следува список на намирници кои содржат двојно повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот.

Жолта пиперка

Овој зеленчук е одлично да го консумирате свеж, на пример како додаток во салата. Тој е крцкав и сочен, а што е најважно содржи неверојатно ниско ниво на калории. Половина шолја сецкана пиперка содржи 155 милиграми витамин Ц, што е повеќе од дневниот препорачан внес на овој витамин (75 милиграми за жени и 90 милиграми за мажи).

Ананас

Само една шолја од ова сочно тропско овошје содржи околу 79 милиграми витамин Ц, а исто така се одликува со високо ниво на бромелаин кој поволно влијае на системот за варење.

Киви

Верувале или не, само едно киви содржи 64 милиграми витамин Ц што е речиси полна дневна препорачана доза.

Кељ

Зелениот лисест плод е полн со антиоксиданси кои го чистат организмот од штетните материи. Две шолји кељ содржат околу 150 милиграми антиоксиданси, 684 милиграми калциум, речиси 7 грама влакна и што е најважно – содржи 120 милиграми витамин Ц на 100 грама.

Јагоди

Една шолја исецкани јагоди содржи речиси иста количина на витамин Ц како портокал со средна големина – околу 98 милиграми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail