pile.jpeg

Научниците од британскиот институт за истражување на рак предупредиле дека дури и нормална количина на месни преработки и црвено месо може да предизвика рак на цревата.

Некои луѓе се придржуваат до правилото дека може да внесат 70 грама дневно црвено и преработено месо во својот организам, но тоа не значи дека немаат 20 проценти повисок ризик за рак во однос на оние кои јадат помалку од овие намирници.

Податоците се земени од 475.581 луѓе на возраст од 40 и 69 години, а ја следеле нивната состојба во просек околу 5 до 7 години. За време на траењето на истражувањето, 2.609 луѓе заболеле од рак на цревата. Оние кои јаделе во просек 76 грама дневно црвено и обработено месо, имале за 20 проценти поголем ризик од овие видови на рак, во однос на оние кои јаделе во просек 21 грам од овие намирници дневно.

Лицата кои јаделе 54 грама црвено месо дневно имале 15 проценти зголемен ризик од рак, во однос на оние кои јаделе осум грама дневно. Ризикот од колоректален канцер бил 19 проценти поголем кај луѓето кои внесувале околу 29 грама дневно во споредба со оние кои јаделе околу пет грама дневно.

“Постојат некои општи препорака за внесување на црвено месо и месни преработки, но ова истражување е потсетник дека треба максимално да се намали внесот на тие намирници бидејќи така ќе се намали ризикот на заболување од рак”, истакнува др Џули Шарп и додава дека морате сосема да престанете да ги јадете овие намирници, но потребно е да го намалите внесот.

Таа советува да пробате макар да имате некој ден во неделата кога нема да јадете месо, но и дека наместо црвено месо и месни преработки треба да јадете пилешко или риба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail