Овие населби утре ќе бидат без вода и струја !

eps-struja-790x460.jpg

Без водоснабдување утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од ул.„Радњанска“ и дел од корисниците од ул.„Дебарца“ во општина Центар.

РЦУК по известување добиено од ЈП Водовод и канализација соопшти дека прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка на ул.„Отон Жупанчич“ број 15.

Без електрична енергија утре од 08:30 до 09:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Орце Николов“ број 138 и „Франклин Рузвелт“ број 72, 83, 85 и 87, во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 10:00 до 10:30 часот ќе бидат и корисниците на дел од улица „Бутелска“, дел од улица „Петар Манџуков“ и подуличките, во општина Бутел.

Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците на дел од улица „Костурски Херои“, од број 45-61, во општина Аеродром.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail