Овие овошја и зеленчуци содржат штетни материи — некои нивни делови не смеете да ги јадете

Ovie-ovoshja-i-zelenchuci-sodrzat-shtetni-materii-nekoi-nivni-delovi-ne-smeete-da-gi-jadete.jpg

Овие овошја и зеленчуци содржат штетни материи — некои нивни делови не смеете да ги јадете

Сите знаеме колку е здраво да јадеме зеленчук и овошје затоа што изобилуваат со витамини, минерали и хранливи материи. Но, постојат некои од нив во чии делови ”се кријат” штетни и опасни материи.

Никулци на компирите
Компирот потекнува од семејството Solanaceae исто како и некои отровни растенија. Токму тоа е причината поради која што некои делови од компирот не треба да ги јадете.

Имено, никулците кои што се појавуваат на одредени делови од компирот содржат токсични материи – соланин. Затоа треба да бидете внимателни и задолжително да ги отстраните тие делови од компирот пред истиот да го подготвите за јадење.

Исто така соланин има и во зелениот компир, па избегнувајте да јадете плодови кои што под кората имаат зеленкаста нијанса боја.

Лисја од домат
Европејците во текот на минатото не консумирале домат, а тој зеленчук почнале да го користат во текот на 18-ти век.

Една од причините е тоа што листот на доматот содржи токсични материи како соланин и томатин. Овие опасни материи можат да предизвикаат желудочни тегоби.

Семките од јаболкото
Јаболкото спаѓа меѓу најдрагите овошја кои што изобилуваат со витамини и минерали, но во себе содржат и еден отровен дел – семките кои што се составен дел од јаболкото содржат амигдалин.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail