Овие професии се високо платени и доста барани, а за нив не е потребен факултет

profesii.jpg

Постојат професии кои се барани и добро платени, а за кои е доволно само средно образование. Yahoo Finance издвои неколку:

Електричар или водоинсталатер се секогаш барани занимања.

„За овие занаети никогаш нема да ви треба компјутер, нема да имате конкуренција која ќе се појави од друга земја. Тоа се предностите на занаетите“, вели Кејти Бардаро, директор за аналитика во специјализиранито портал PayScale.co.

Здравствени работници

„Оваа индустрија е преголема, а станува уште позначајна заради стареењето на населението како и заради зголемената побарувачка за здравствените услуги во иднина”, вели Бардаро.

Се очекува дека здравствениот сектор во иднина ќе има голема потреба од работна сила. Анализите покажуваат дека бројот на медицинските техничари специјализирани за ултразвук до 2020 ќе се зголеми за 44%.

Лични тренери

Ако сте спортски тип, размислете за кариера на личен тренер. Многумина денеска се подготвени да дадат пари за да вежбаат со личен тренер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail