Овој астероид би можел да ни донесе милијарди долари

asteriod.jpg

Иако потеклото на златото и натаму е мистерија, научниците откриле астероид кој содржи доволно вредни метали кои теоретски на секоја личност на Земјата би и донеле речиси милијарда долари.

Станува збор за астероидот “Psyche 16”, кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, а кој содржи огромни количини на злато, железо и никл. Сега останува научниците своето откритие да го докажат, а американската вселенска агенција НАСА планира да го започне процесот во 2022-ра година. 

Меѓутоа, пренесува RT, се поставува прашањето дали може да се искористи златото од вселената.

Професорот Џон Зарнецки, претседател на Кралското астрономско здружение, проценува дека би биле потребни 25 години за докажување на концептот, а 50 години за почнување на комерцијално производство. Секако, тоа зависи од две клучни работи, економската исплатливост и напредокот на вселенската технологија.

Исто така, многу светски сили би сакале да дојдат до златниот астероид, а Кина дефинитивно планира да доминира во тоа.

Мич Хантер Скулион, основач на британската компанија “Asteroid Minig Company”, за “BBC” рекол дека ова дефинитивно е наредниот индустриски “бум”.

“Кога ќе ја воспоставите инфраструктурата, тогаш можностите се речиси бесконечни. Оние кои се доволно храбри да го прифатат предизвикот кој се однесува на астероидите, ќе заработат астрономска количина на пари”, рекол тој.

“Тоа што го правиме на Земјата сега е импресивно, но потрагата по злато во вселената е само прашање на инфраструктурата. Со време ќе дојдеме и до тоа”, рекол Скот Мур, директор на компанијата “EuroSun Mining”.

Постојат астероиди кои минуваат во близина на земјата и кои би можеле да бидат турнати во орбитата за од нив да може да се извлечат вода и други елементи. Исто така, тука е и Месечината која содржи ресурси од злато и платина.

Иако рударењето бара гравитација, која е шест пати поголема на Земјата отколку на Месечината, научниците тврдат дека сепак е доволна за успешно вршење на процесот.

Денес веќе постои глобален пазар за рударење на астероиди, а се проценува дека до 2025-та ќе биде повреден од 3,8 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail