Овој човек донира 300 милиони долари

filantrop.jpg

Рударскиот магнат Ендрју Форест изјави денеска дека донира 300 милиони долари во добротворни цели, што се опишува како рекорд во досегашната филантропија во Австралија.

Форест (55), кој е шеф на фирмата „Фортескју метал груп“ и неговата сопруга Никола, изјавија дека парите ќе бидат вложени во истражување за карциномот, истражувањата на австралискиот универзитет, поддршка на загрозерните, меѓу кои и Абориџините, како и за борбата против ропство во целиот свет.

Австралискиот премиер Малком Турбол го опиша овој гест како „најголем поединечен филантропски подарок“ во историјата на Австралија и „најголема донација дадена од Австралијанец“, како и дека овој гест ќе го промени животот на илјадници луѓе.

Богатството на Форест, според овогодишниот извештај на списанието Форбс, се проценува на 4,3 милијарди долари.

– Едноставно им порачувам на Австралијанците, давајте што можете, а доколку тоа не се пари, времето е подеднакво вредно, рече Форест.

Најголема поединечно донација која се случила пред оваа во Австралија беше донацијата на милијардерот Џејмс Пакер, сопственик на компанијата Краун Резортс од 150 милиони долари во 2014 година, а која беше наменета за уметност и за помош на абориџинските заедници.

Форест и неговата сопруга беа првите кои се придружија на движењето „Ветување за давање“ (The giving pledge) кое го основаа кооснивачот на Микрософт, Бил Гејтс и американскиот милијардер и филантроп, Ворен Бафет. Движењето ги обврзува милијардерите да донираат поголем дел од своето богатство во добротворни цели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail