Овој човек изгуби 1,4 милијарди долари за еден ден

jponec.jpg

Најбогатиот човек во Јапонија, Тадаши Јанаи изгуби 1,4 милијарди долари за еден ден, откако цената на акциите на неговата компанија „Fast Retailing“, која го поседува брендот „Uniqlo“, забележа пад од 6.7%, пишува „Independent“.

Претседателот и основач на компанијата има регистрирано најголем пад на богатството меѓу 500-те најбогати луѓе, покажува Индексот на милијардери на „Bloomberg“.

„Uniqlo Japan“ го најави падот во декември, откако го „обвини“ невообичаено топлото време кое се одразило негативно на продажбата на зимска облека. Вкупните приходи на компанијата се намалени за пет проценти.

Нето богатство на Јанаи во моментов изнесува 17,7 милијарди долари, а поради губењето на пари тој загуби шест места во глобалната листа на најбогатите луѓе во светот и во моментов го зазема 44-то место. 67-годишниот Јанаи ја отвори првата продавница на „Uniqlo“ во Хирошима во 1984-та година и оттогаш неговата компанија постигнува брз раст.

Јанаи дури прогнозира дека компанијата ќе ги засени своите конкуренти „H & M“ и „Inditex“, која ја поседува „Zara“, и ќе стане најголемиот синџир на продавници за облека во светот до 2020-та година. Тој исто така вети дека ќе се придржува кон етичките вредности по кои неговата компанија е позната.

Разочарувачките резултати на „Uniqlo“ се додаваат кон проблемите на јапонските компании, откако Доналд Трамп се закани дека ќе стави казнени даноци на автомобилите на „Toyota“, ако ги увезува од Мексико.

Цената на акциите на концернот се намали за три отсто по заканата на новоизбраниот американски претседател. Други јапонски компании исто регистрираа пад на цената на акциите, поради што јапонскиот индекс „Nikkei“ се намали за 0,4%. Јапонските пазари беа затворени вчера поради национален празник.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail