Овој човек спаси 2 милиони деца

covek.jpg

Доброволен дарител на крв од Австралија, кој благодарени на реткиот тип на крв спасил, како што се верува, над 2 милиони неродени деца на кои им бил потребен анти-Д имуноглобулин, во петокот во Сиднеј даде крв за последен пат.

Џејмс Харисон (81) упорно давал крв во текот на 63 години.

Опкружен со мајките и нивните бебеиња Џејмс Харисон на медицинската сестра и ја пружил „златната рака“ за да му извади крв, за последен пат, посебна по тоа што константно произведува високо количество антитела, вредни во производството на анти -Д инјекции.

Од неговата плазма се произведува анти-Д имуноглобулин кој им се дава на Rh-негативните мајки по раѓањето на Rh-позитивно дете со што се спречува развој на Rh антитела.

Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни обележја на крвата, како што е случај кога децата се Rh-позитивни, а мајката Rh-негативна.

По раѓањето на Rh-позитивно дете, Rh-негативната мајка добива инекција со анти -Д имуноглобулин за да се спречи создавањето на антитела кои би ги нападнале црвените крвни зрнца на  Rh-позитивните деца во идните бремености.

Донациите на Харисон им помогнаа на австралиските мајки, на повеќе од 2 милиони, на свет да ги донесат своите бебења, соопшти Црвениот крст.

Харисон инспирацијата за добороволно дарување на крв ја добил кога имал само 15 години кога требало по 13 литри крв во текот на една голема операција.

Тоа го навело да почен да дава крв штом наполнил 18 години, во 1954 година, многу пред научниците да ја откријата ретката комбинација на Rh-негативна крв и анти-Д антитела во неговата крв.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top