Кеси, мастики, лименки, отпушоци од цигари, измет од домашни миленичиња… И тротоарите во Германија се преполни со нив, но таму најдоа начин за да ја намалат таа лоша навика на граѓаните.
Речиси сите градови се убедени дека тоа ќе функционира поради висината на казната. Кога казната е толку симпатична “и удира по вашиот џеб“, изгледа дека ни корпата за отпадоци не е толку далеку.
Фрлањето на таканаречениот ситен отпад на улиците, од месец април е “луксуз“ во градот Манхајм. Кој ќе фрли хартиени марамчиња, хартиени кеси или отпушоци и притоа ќе биде фатен на дело ќе мора да плати 75 евра и такса за обработка на казната од 28.50 евра.
Казната за фрлање мастики кои тешко се отстрануваат од улиците е поскапа за 25 евра. Доколку некој од луѓето пред органите се прави важен и не сака да го фрла ѓубрето во корпа за отпадоци ќе плати двојна казна.
„Градот ги зголеми казните откако потроши 30 милиони евра за чистење на пешачките зони. Тие треба да останат чисти“ – изјавил Шмит.
Кога некој ќе фрли отпушок на улица, ние сме тука. Многумина тогаш се шокираат и велат: „Се шегувате?“ или „Зошто баш јас?“. Тогаш им објаснуваме дека мора да ја платат казната бидејќи сме ги фатиле на дело. Добро е тоа што тоа е порака и за другите“ – раскажал тој.