Паблишер доо вработува искусен графички дизајнер

l3teiAYqyEa0DAl51stVHg-large.jpg

Нашиот тим има потреба од нов креативен член, посветен на дизајнот, и колега со кого ќе можеме да разменуваме идеи.

Потребни квалификации и вештини

  • Задолжително работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер
  • ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности
  • Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator
  • Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
  • Одлични аналитички и комуникациски вештини
  • Креативност
  • Око за детали
  • Флексибилност
  • Почитување на крајни рокови
  • Организираност.

Секоја дополнителна квалификација ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место

  • Графички дизајн и подготовка на корици на книги
  • Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали
  • Подготовка на припреми за печатење
  • Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции
  • Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.

 

Што нудиме?

  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Месечна плата од 28.000 денари
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
  • Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија и портфолио треба да ги достават на [email protected], најдоцна до 10 февруари 2020.
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат сите критериуми.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail