Паметен соларен панел кој се движи според Сонцето

Smartflower POP може да произведе околу 4.000 киловат часови струја годишно. Неговиот систем овозможува 60% поголема ефикасност во споредба со традиционалните соларни панели

Системите за соларна енергија остануваат еден од најефективните начини за производство на електрична енергија од обновлив извор. Меѓутоа соларните панели можат да бидат тешки за инсталирање и одржување. Поради фактот дека се доста скапи, но и зафаќаат голема површина, поголемиот дел од домаќинствата не можат да си дозволат поставување на соларен панел кој ќе ја произведува сета електрична енергија за домот.

Со решението Smartflower POP, поставувањето и одржување на соларниот систем за производство на електрична енергија за домот, сето ова е олеснето. Станува збор за производ со паметен систем кој ќе ги следи сончевите зраци и со модернистички дизајн со избор од осум бои.

Високо стилскиот и функционален дизајн вклучува употреба на соларните „ливчиња“ кои се отвораат преку ден и ги апсорбираат сончевите зраци, за да се склопат преку ноќ или во случај на бура. Автоматскиот систем овозможува уредот да биде заштитен помеѓу овие интервали. Дизајнот исто така ‘plug & play’ технологија поставенa на начин сличен како кај стандардните домаќински уреди.

Smartflower POP не бара екстензивна и скапа инсталација, а истиот ќе биде оперативен само час – два после едноставниот процес за поставување, кој се состои од прицврстување на уредот на посакуваната локација и вклучување.

Ова решение може да произведе околу 4000 киловат часови на струја годишно. Неговиот систем е за 60% поефикасен од традиционалните соларни панели. Паметниот систем за следење на сончевите зраци овозможува ефикасно производство на енергија која тоа е потребно. Во обичен ден уредот може да произведе барем 40% од електричната енергија отколку стандарден соларен панел кој би се инсталирал на кров.

smartflower_vor_dem_Sony-Center_in_Berlin

Уредот содржи и паметен систем за чистење и ладење кој ги намалува загубите за 15%. Системот за чистење отстранува прашина и останати непотребни работи од „ливчињата“, а системот за ладење вклучува странична вентилација која превенира загревање на внатрешноста. Овој систем за ладење го зголемува производството на струја за 10%.

Smartflower POP е мобилен и може да се помести од една на друга локација. Исто така, може да биде и расклопен едноставно и да се складира. Сопствениците ќе можат дури да го носат со себе каде и да одат, поради што уредот е совршен за имотите под наем.

smartflower-POP-electric-car-1020x610

Уредот е произведен во Австрија, а дизајнот веќе доби неколку награди како Good Design Award 2016, International SEA Sustainable Entrepreneurship Award 2015, Austrian special award for innovation – Verbund-E-Novations Award,
Austria’s Born Global Champion – Award of austrian chamber of commerce итн.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail