cetka.jpg

Шпански научници работат на развојот на паметна четка за заби која ќе може да детектира рани знаци на здравствени проблеми и да спречи рана смрт од срцеви болести, пишува N1.

Четката собира податоци при четкање и прецизно ги препознава промените во организмот кои укажуваат на потенцијално забавување на работата на срцето.

„Со информациите за бројот на отчукувања на срцето, крвниот притисок и од биолошките примероци од устата ќе може да се спречи развојот на опасни болести и на пациентите да им се помогне да водат сметка за своето здравје. На овој проект соработуваме со една водечка технолошка компанија. Засега технички и дизајнерски четкичката е завршена, но ќе ја претставиме официјално откако ќе бидат финализирани одредени детали“ изјави кардиологот Алваро Марко дел Кастилјо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail