Паметни училишни униформи во Кина: Нема веќе бегањето од часови

uniformi.jpg

Кинеските училишта сега ќе можат да го следат движењето на нивните ученици користејќи чипови вметнати во нивните униформи.

Оваа практика, според мислењето на критичарите и голем број родители, прилично е застрашувањка. Од друга страна, кинеските наставници тврдат дека следењето на учениците може да биде корисно во многу ситуации.

Секоја униформа има два чипа на рамената, кои се користат за следење на движењето на учениците при влегување или излегување од училиштето, со дополнителен софтвер за препознавање лицето на влезот, така што наставниците можат да бидат сигурни дека ученикот ја носи својата униформа.

Паметни униформи во Кина засега се користат во десет училишта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail