pametni-telefoni.jpg

Во денешно време луѓето, особено помладите генерации често можеме да забележиме дека одат наоколу загледани во нивните паметни телефони. Иако можете да тврдите дека смартфонот дава бесконечно многу информации, новата студија исто така тврди дека смартфонот може да ја редуцира моќта на мозокот и вашето ниво на интелигенција.

За сето тоа е виновно нашето внимание, кое постојано скита во нашите смартфони, а научниците во списанието Journal of the Association of Consumer Research велат дека ваквото однесување го намалува нашиот когнитивен капацитет.

Професорот Едриен Верд и неговите колеги од Деловната школа Мекомбс на Тексашкиот Универзитет во Остин, спровеле експерименти на повеќе од 800 лица кои користат смартфони, со цел да измерат колку се успешни луѓето во извршувањето на своите задачи додека телефоните им се во близина, без оглед на тоа дали ги користат.

Експериментот се одвивал со тоа што испитаниците биле поделени во три групи. Првата група морала да ги остави своите телефони во соседната просторија, втората во чанта, а третата на маса, но свртени со екранот надолу. Потоа од испитаниците било побарано да решат низа задачи што ги испитуваат нивните когнитивни способности.

Резултатите покажале дека учесниците кои ги оставиле своите телефони во други простории значително подобро ги решиле задачите во споредба со оние кои ги задржале телефоните на маса, дури и нешто подобро од оние кои ги ставиле телефоните во своите чанти.

Заклучокот на студијата е дека самото присуство на паметниот телефон го намалува нашиот когнитивен капацитет, без оглед колку сме сигурни дека сме се концентрирале на задачите.

„Резултатите јасно покажуваат дека што е повидлив телефонот, нашиот когнитивен капацитет е помал. Напорот кој го вложуваме да не размислуваме на нашиот телефон ни одзема дел од ресурсите за размислување, така што уредот го исцрпува мозокот“ – вели Верд.

Научниците сметаат дека толку многу сме се навикнале на нашите смартфони, што дури и несвесно ни го одвлекуваат вниманието.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail