Паметните телефони ќе детектираат депресија кај корисниците

app-depression-detection.jpg

Sad pensive teenager listening to music in a bar in the night and looking at side

Во САД има загрижувачки пораст на депресијата кај тинејџерите и младите. Тоа доведе до прашањето дали истите уреди кои генерално се виновни за таа депресија можат да помогнат со детекцијата на болеста? Многу истражувања покажуваат дека паметните телефони го влошуваат менталното здравје кај тинејџерите. Но, додека тие поминуваат доста време на Instagram, Snapchat и YouTube, исто така оставаат дигитални траги каде што може да се најдат знаци за некакво ментално пореметување.

Експертите велат дека некои од предупредувачките заци може да се откријат преку брзината на пишување, квалитетот на гласот, изборот на зборови и колку често тинејџерите решаваат да останат дома наместо да очат на училиште. Всушност, има повеќе од 1.000 биомаркери за паметни телефони.

Истражувачите тестираат апликации за паметен телефон кои користат вештачка интелигенција за предвидување на депресијата и можноста за нанесување повреди. Но, се уште има некои работи кои треба да се решат како што е приватноста и дозволата од децата да бидат следени. Сепак, девелоперите на апликации велат дека наскоро ќе има многу повеќе ефективни и широко достапни апликации за детекција на депресија.

За да се користат паметните телефони за таа цел корисниците ќе треба да ја дадат дозвола за симнување на соодветната апликација. Таа дозвола тие можат да ја повлечат во кој било момент. Најголемата бариера сега е како да се најдат сигналите дека некој има проблеми со менталното здравје од купиштата информации кои се достапни на телефоните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail