Пандемијата предизвика раст на вредноста на биткоинот

Pandemijata-predizvika-rast-na-vrednosta-na-bitkoinot.jpg

Пандемијата предизвика раст на вредноста на биткоинот

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин првпат од 9 август 2019 година достигна 12.000 долари, покажуваат податоците на берзата за криптовалути Коиндеск (Coindesk).

Според аналитичарите побарувачката на биткоинот е поврзана со финансиската криза предизвикана од пандемијата со новиот коронавирус.

Вредноста на биткоинот, како и на златото, се зголемуваат за време на криза, бидејќи луѓето се обидуваат да се заштитат од падот на вредноста на националните валути.

Цената на златото веќе бележи историски раст, унца злато се тргува за речиси 2.000 долари.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail