slovenija.jpeg

Фармерите во Помурскиот регион ја повикуваат владата да ги заштити, бидејќи не можат да се натпреваруваат со богатите Австријци и остануваат без земјиштата.

Поранешниот министер за земјоделство, Дејан Жидан веќе предупредил на купување на словенечкото земјиште во близина на границата, од страна на Aвстријците. Сега ја предупредуваат и новата министерка Александра Пивец за опасноста дека домашните земјоделци може да останат без своите земјишта.

Според претседателот на Помурскиот регион на Комората за земјоделство и шумарство, Франц Кучан, Австријците се сè повеќе заинтересирани за словенечкото земјиште, бидејќи кај нив нивите се неколку пати поскапи.

Бидејќи сите купци се еднакви пред законот, Австријците се во голема предност, објаснува Кучан.

„Во Австрија, земјоделец во осум часот наутро оди до својата банка и веќе во 14 часот има на располагање милион евра поволен кредит, додека во Словенија се одолговлекуваат процедурите за добивање кредит“.

„Ова се случува последните две години, особено на парцелите кои некогаш ѝ припаѓаа на Австрија, а најголем проблем е тоа што тие имаат исто право на приоритет за купување како словенечките граѓани“, предупредува Сашо Печек, претседателот на Земјоделската задруга Радгон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail