Папата стана е-жител на Естонија

pope-francis-e1537970328186.jpg

Естонија, која сама себе се смета за најразвиена дигитална држава во светот, вчера го прогласи папата Фрањо за е-жител. Претседателката Керсти Калјулаид на папата му даде дигитална лична карта, со која тој може да пристапи до јавни и приватни услуги.

Истата повластица во текот на државните посети ја добија јапонскиот премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел. Не се знае дали папата некогаш ќе ја употреби таа дигитална лична карта.

Во 2015 година 81-годишниот црковен поглавар призна дека не знае да користи компјутер. Во говорот во седиштето на естонската претседателка Фрањо со резерва зборуваше за технолошкиот напредок, предуpредувајќи на ризикот од отуѓување и на егзистенцијалната криза во технолошки високоразвиените земји.

Тој истакна дека слепата вера во технологијата не би требало да води до „губење на способноста за создавање интерперсонални, меѓугенерациски и интеркултурни односи“. Фрањо вчера ја посети Естонија на крајот од својата турнеја по балтичките земји.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail