Паричен надомест за наградени средношколци на меѓународни натпревари

spiro.jpg

Месечен паричен надоместок ќе добие секој средношколец од Македонија кој ќе учествува на некој од тринесетте признати меѓународни натпревари и ќе освои едно од првите три места.

Оваа нова системска стимулативна мерка која е дел од пакетот 40 мерки за млади, денеска ја соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски при што појасни дека доколку учениците и наставникот кој го менторирал го усполни условот ќе добиваат по 12.000 денари за златен, 10.000 за сребрен и 8.000 денари за бронзен медал во текот на цела година.

– За оваа намена во тек е конкурс кој е објавен на интернет страницата на МОН, www.mon.gov.mk и ќе биде активен за аплицирање, односно доставување на соодветната доказна документација до 31 август годинава, истакна Ристоваски.

Информира дека досега се пристигнати три апликации и дека се во фаза на разгледување.

– Очекувам дека бројот ќе се зголеми, со оглет на тоа што Македонија има добар потенцијал и исклучително квалитетни талентирани ученици, рече Ристовски.

Во периодот што следи, заменик министерот истакна дека ќе бидат исплатени еднократниот финансиски надомест во висина од 50 проценти од просечна нето плата во земјата за учениците кои ќе освојат прво место на државен натпревар по сите предмети. Пријавувањето по овој основ е до крајот на годината. Еднократни надоместоци од 50, 40 и 30 отсто од просечната нето плата следува и за учениците кои освоиле прво, второ и трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, за што аплицирањето ќе трае до 31 август. Минатите две години по овие два основа МОН исплатило 450 парични награди.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail