amazonn.jpg

На компанијата „Амазон“ ѝ е одобрен патент за уред за превоз кој наликува на кафез, со кој што луѓето ќе се движат во просториите во кои што работат роботи.

Американската компанија „Амазон“ веќе на големо користи роботи, а во некои магацини имаат и таканаречена „роботска зона“ во која што е забранет пристапот за луѓето. Имено, во тие зони работат големи роботи кои што би можеле да ги повредат луѓето, па доколку некој вработен влезе во забранетата зона, ќе се огласи аларм и роботите веднаш ќе престанат со работа.

Поради тоа, во оваа компанија размислуваат и за начини на кои што нивните вработени би можеле барем да бидат присутни во просториите каде што се наоѓаат тие големи роботи, а една од идеите е – да бидат ставени во кафез.

Патентот на „Амазон“ го опишува начинот на движењето на работниците во просториите со роботи и според него, работниците би биле сместени во кафез кој што би бил управуван исто така од робот.

Доколку работниците ќе треба нешто да поправат или да превземат од „роботските зони“, на тој начин нема да има потреба за сопирање со работа на сите роботи, туку луѓето би влегле во кафезот, а останатите роботи би продолжиле со својата работа.

Бројни американски медиуми ја нападнаа компанијата откако патентот беше објавен во јавноста, а од „Амазон“ се бранат дека никогаш немале намера да ги стават луѓето во кафез, а голем број на пријавени патенти секако остануваат само како патенти, односно не се започнува нивна реализација.

Сепак, самата идеја на компанијата да ги стави своите вработени во кафези за да ги заштити од роботи е прилично вознемирувачка, посебно во време кога се повеќе се зборува за опасностите на вештачката интелигенција и роботите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail