Патуваат по светот и заработуваат фотографирајќи

478626-patuvaat-po-svetot-i-zarabotuvaat-fotografirajkji.jpg

За многумина идејата неодење на работа и патување по светот е само сон, но за една британска двојка таа идеја стана реалност. Откако лани се запознале на Фиџи, Џек Морис и Лорен Булен решиле да почнат да патуваат со „полно работно време“. Од тогаш тие станаа една од најпопуларните двојки на Инстраграм, кои заработуваат патувајќи низ светот. Тие досега минале низ 45 земји.
Морис и Булен се ангажирани од повеќе туристички организации, хотели, ресторани, но и голем број брендови, со задача нивните производи или понуди да ги престават со атрактивни фотографии. Најголема заработувачка од 7.000 фунти (8.000 евра) Џек имал од една фотографија, додека Лорен за најскапата платена објава добила илјада фунти помалку.

Пред да почне да заработува преку Инстаграм, Џек (26) работел во сервис за теписи, а сега за живот заработува со промоции.
– Јас работев секој ден од 9 до 17 часот и не ја сакав својата работа. Знаев дека треба нешто да сменам, затоа што врв ми беше опивање за викендот. Заштедив околу 3.000 фунти и одлучив да тргнам на пат, изјави Џек.

За сите оние кои сакаат да заработуваат по пат на Инстаграм тој порачува дека најважно е добро да се забавуваат и да ја следат својата страст.
– Ако го сакате тоа што го работите, поголеми се шансите да успеете, додава Џек.
Фотографиите најчесто ги прават еден час по изгревањето на Сонцето, затоа што тогаш локациите на кои работат најчесто се празни. Џек додадаве да се одбегнуваат користењето на филтери.
Моментно Џек и Лорен се наоѓаат на Бали.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail