Патувајте 3 месеци низ Европа и добијте 5.600 евра

putovajne.jpg

Туристичката компанија „Бјузбоут“ бара четворица експерти за социјални мрежи кои целосно бесплатно ќе патуваат и ќе ја истражуваат Европа. Голем дел од луѓето сонуваат за тоа да бидат платени за да патуваат, а за некои конечно тоа ќе стане реалност.

Четворицата одбрани експерти ќе може три месеци да патуваат низ Европа, а единствен услов е се што ќе видат да го забележат и објават на Интернет.

Агенцијата „Бјузбоут“ бара блогер, влогер, Инстаграм и Снепчет ѕвезда, а тие ќе бидат избрани врз основа на нивниот талент за креирање на содржини.

Работата ќе биде од јуни до септември 2018 година. Секој член од тимот ќе доживее авантура од 5.600 евра, ќе има платено сместување, џепарлак, а на крајот на патувањето ќе добие бонус и повратна авионска карта до Велика Британија.

За време на тримесечната авантура, избраните ќе ги посетат најпознатите места во Европа, почнувајќи од островот Блед, Краков, Сан Себастијан, скриените бисери на Австрија, како и убавините на Швајцарија.

Тие кои сакаат да се пријават за ова патување треба да наведат која социјална мрежа најдобро ја познаваат и да снимаат видео од 60 секунди во кое ќе покажат зошто агенцијата треба да ги избере. Огласот е отворен до средината на април.
Патувајте 3 месеци низ Европа и добијте 5.600 евра – единствена обврска ви е да фотографирате за на Интернет was last modified: March 10th, 2018 by Naum Lokoski

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top