Пауло Коелјо ја избриша книгата за деца што ја пишуваше со Коби Брајант

kgn-img-495141.jpg

Коби Брајант и бразилскиот писател Пауло Коелјо заедно работеа и пишуваа книга за деца, но авторот на „Алхемичарот“ изјави дека ја избришал книгата по смртта на славниот кошаркар, пренесува AP.

72-годишниот писател за AP откри дека уште во 2016 година со Коби дискутирале за заеднички проект, периодот кога тој се откажа од кошарката. Но, на книгата почнале да работат пред неколку месеци.

Неколку часа по веста за смртта на Коби Брајант, Коелјо објави дека ќе го избрише проектот наместо да ја заврши книгата сам, без 41-годишниот НБА шампион.

„Нема смисла да ја објавам без него“, вели писателот.

Тој за AP вели дека тоа не го спречува да напише што научил од Коби и каква големина се криела во тој човек. Но, за него нема смисла детската книга која сакал да ја напише со Коби.

Веста многу ги разочара обожавателите на Брајант, кои на социјалните мрежи го молеа писателот да не го избрише проектот. Коби Брајант беше голем обожавател на Коелјо и за него „Алхемичарот“ беше омилена книга.

Колејо откри дека зад идејата за соработката за детска книга со Коби се крие инспирацијата децата да ги надминат разликите преку спортовите. Книга која би била позитивен пример за децата, особено за оние кои сиромашните. Тој не откри колку страници заедно напишале, ниту дали дале наслов на книгата.

Во 2018 година Коби ја објави неговата автобиографија „The Mamba Mentality: How I Play“.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail