“Пчели убијци” создадени од страна на научници во погрешен експеримент

extra_large-1496231525-cover-image-e1496910242845-800x501.jpg

Се започнало како скромен обид за да се зголеми производството на мед, а заврши со илјадници нови создадени пчели убијци кои случајно избегале, оставајќи зад себе многу избодени луѓе ширум Америка.

Работата на развојот на нови пчели започнала во лабораторија во Рио Кларо во Бразил, околу 1957 година. Бразилската влада го поканила биологот Д-р Варвик Е. Кер, за да создаде нов вид на пчела која ќе произведе повеќе мед. Европските видови на пчели кои биле донесени во Јужна Америка се покажале како сосема непродуктивни под влијание на топлата клима на Бразил.

Бидејќи Европските пчели биле мрзливи, Д-р. Кер помислил дека доколку во нив стави афрички гени, резултатот ќе биде хибрид кој ќе биде поуспешен во собирање на мед под тропски услови од обични пчели, кои се навикнати на умерени климатски услови.

Кер и неговиот тим успеале на направат африканизирани пчели медарки, денес колоквијално познати како пчели убијци, со помош на селективно размножување на еден вид афрички пчели со разни обични пчели. Во почетокот, проектот делувал како успешен, бидејќи новите хибриди значително повеќе произведувале мед. Но, тие развиле и една исклучително негативна карактеристика – поседувале исклучително екстремни инстинкти за да ги одбранат своите колонии.

И тогаш настапил моментот кога под сеуште неразјаснети околности, илјадници од овие хибридни пчели успеале да избегаат. Околу дваесет колонии успеале да избегаат. По бегството, хибридните пчели целосно опфатиле бројни подрачја на Јужна и Средна Америка.

Кер се надевал дека хибридните пчели набрзо ќе изумрат заради промена на климатските услови, но тоа никогаш не се случи. Новосоздадените пчели во следните децении ја преплавиле Јужна и Средна Америка. До средината на осумдесеттите стигнале до САД, и сега можат да се најдат во Калифорнија, Тексас, Аризона или Флорида.

Во меѓувреме пчелите убијци предизвикале смрт на барем 400 лица. Сепак се е зависно од тоа колку убоди лицето добило од овие пчели, бидејќи иако имаат лоша репутација, нивниот отров не е ништо појак од оној кој го поседуваат нормалните, вели Francis Ratnieks, експерт за пчели од Универзитетот во Сасекс.

“Тие се поопасни, бидејќи постои можност да напаѓаат во поголем број, бидејќи се склони кон бранење на својата колонија. Во една колонија може да има повеќе од 10.000 пчели, а тоа може да предизвика фатални последици”, вели тој.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail