Пчелите би можеле да бидат заменети со дронови

p-ela.jpg

Група јапонски научници креираше мини дрон кој може да ги замени пчелите во процесот на запрашување на растенијата. Поточно, научниците од National Institute of Advanced Industrial Science од Цукуба работат на развој на леплив гел, со кој ќе се може коњски влакна да се лепат на дрон за да собираат полен, јави MIT Technology Review.

Дронот во лет се удира во цветотвите и ги опрашува. Ова е прв пат дрон да оплоди цвет вели Еиџиро Миако, кој е лидер на овој проект. За жал, иако тестовите се успешни, тешко е да се поверува дека дронови наскоро би можeле да ги заменат пчелите. Лоша вест е што дронот се управува рачно и досега е тестиран единствено во лабораторија. Тешко е да се поверува дека дронот ќе може да се користи за запрашување на милијади цветови без вештачка интелигенција.

Замената на пчели со дронови во било кој друг период можеби ќе беше непотребна, а дури и помалку налудничава. Сепак веќе неколку години популацијата на пчели се намалува, а досега нема теорија што ќе ги потврди причините. Ситуацијата со бројот на пчели е толку лоша, што во Кина кај некои од овошките процесот на запрашување се прави рачно.

Дури и запрашување на овој цвет беше тешко да се погоди. „Ова е најверојатно најлесната мета кога цветовите се во прашање“, вели г. Миако. Запрашувањето со дронови не може да ги замени пчелите. Само во Калифорнија, и само за запрашување на бадеми се потребни 35 милијарди пчели.

Тимот на г. Миако не е единствeниот кој работи на вештачко запрашување кое може да ги замени пчелите. Две групи научници од универзитетот во Варшава и Харвард, независно една од друга, презентираа две решенија. Сепак за посериозен напор ќе мора да се користат камери со висока резолуција, GPS и најверојатно вештачка интелигенција. Технологијата засега не дозволува ова да е остварливо, но во иднина со намалување на димензиите на камерите, антените и процесорите ова можеби би било остварливо.

За еден малку поинаков и потемен свет во кој дронови ги заменуваат пчелите, може да ја погледнете „Hated in the Nation“ епизодата на Black Mirror.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail