Печат продаден за 21 милион евра

pecat1.jpg

Направен е од браон и црвен стеатит, еден од најдрагоцените материјали за печати во тогашното време, од југоисточната провинција Фуџијан.

Кинескиот царски печат од епохата Чјанлун (1736-1798) е продаден на еден кинески колекционер за 21 милион евра, што е 20 пати повеќе од проценетата почетна цена на аукцијата во Париз, потврдено е од аукциската куќа „Друо“.

Вредноста на печатот била проценета на помеѓу 800.000 и милион евра. Направен е од браон и црвен стеатит, еден од најдрагоцените материјали за печати во тогашното време, од југоисточната провинција Фуџијан. Во аукциската сала и преку телефон, повеќе луѓе се наддавале за купувањето на тој печат, кој е украсен со стилизирани змејови, симболот на царските власти.Според оценката на стручњаците, царот Чјанлун е познат по тоа што имал голем број царски печати, со исклучителна изработка.

Се наведува дека имал повеќе од 1.800 печати, од кои приближно 700 исчезнале, а око 1.000 се сочувани во музејот на Забранетиот град во Пекинг. Печатот кон крајот на 19 век го купил млад француски колекционер, лекар кој работел во морнарицата и кој повеќепати престојувал во Кина. Предметот оттогаш е во истото семејство.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail