Печурките од Чернобил ќе им помогнат на луѓето да преживеат на Марс

pecurki-mars.jpg

Нуклеарната катастрофа во Чернобил, во 1986-та година би можела, во иднина, да биде пресудна за животот на луѓето на Марс, како и за одгледување на нови растителни видови, и тоа благодарение на печурките коишто растат во зоната околу некогашната нуклеарна електрана.

Големото количество на зрачење загадило големо подрачје околу електраната, па научниците денес ги проучуваат долготрајните последици од зрачењето на живите организми поради различни можности за нивна примена во медицината. Тим од научници од НАСА овојпат се фокусирал на проучување на организмите, со цел да создадат нов таканаречен “заштитен фактор” во случај на можност за живот на луѓето во вселената.

Минатата година на Меѓународната вселенска станица биле испратени осум видови на печурки од забранетата зона околу електраната. Тие се појавиле после катастрофата, а два вида постигнале особен напредок во озраченото подрачје.

– Зрачењето во Чернобил е високо, а тие црни габи први се појавиле после катастрофата, дури и пред бактериите, изјавил научникот којшто ја водел студијата, Кастури Венкатесваран. Тој раскажал дека се избрани печурки коишто опстанале поради кодирање на протеините или биомолекуларните информации коишто ги заштитиле од зрачењето.

Научниците се надеваат дека со проучувањето на овие габи ќе успеат да создадат еден вид на заштитен фактор којшто астронаутите ќе ги штити од вселенското зрачење, што претставува една од најголемите закани на долготрајните мисии во вселената или при престој на Марс.

Венкатесваран појаснува дека пред било каква мисија на Марс ќе мора да се преземат највисоки мерки за заштита, па после враќањето на габата на Земјата таа ќе биде и понатаму проучувана.

А освен заштитата на астронаутите, организмите коишто опстоиле во радиоактивните подрачја на Чернобил ќе им помогнат на научниците и во развој на посеви коишто би можеле да го преживеат космичкото зрачење или при одгледување на билки на други планети.

Всушност, иако тука се работи за многу поголемо зрачење отколку она што е во вселената, начинот на којшто билките развиле толеранција ќе биде клучен за преживување на билките во вселената.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail