Пензија ќе земаат и оние што немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи

penzijaaa.jpg

Пензија ќе земаат и оние што немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6.000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020 година. Ова е едно од ветувањата на СДСМ во предизборната кампања за кое веќе се работи во Министерството за труд и социјала.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Иако голем дел од граѓаните, посебно оние што спаѓаат во оваа категорија лица, веднаш ја поздравија одлуката, сепак, се отвара прашањето дали ова е еден вид контрадикторна политика на Владата во услови кога дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) секоја година станува сѐ подлабока и подлабока.Меѓународниот монетарен фонд( ММФ) неколку пати досега алармираше дека треба да се зголеми старосната граница за пензионирање во Македонија бидејќи пензинскиот фонд во земјата е пред колапс.

– Во поглед на пензискиот систем, Владата ќе го стабилизира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и ќе гарантира редовна и одржлива исплата на пензии. Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати годишно, а ќе се воведе можност за предвремено пензионирање со максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намалување на надоместокот за пензија. Владата ќе настапи со предлог за воведување државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија – пишува во програмата на Владата 2017-2020 година.Притоа, во изборната програма на владејачкаа партија е наведено дека износот на државната социјлана пензија на почетокот ќе биде во висина од 40 отсто од просечната старосна пензија.

Мал број граѓани ги исполнуваат условите за да добијат државна социјална пензија – смета Вицепремиерот Анѓушев. Тој тврди дека нема да бидат потребни многу пари и дека средствата ќе се обезбедат од буџетот.

Не прецизираше колку овој проект дополнително ќе ја продлабочи дупката во пензискиот фонд и дефицитот во буџетот, на кој начин ќе се дојде до овие пари, дали како и досега со задолжување на домашниот пазар, издавање на еврообврзница или друг вид на заем од странски кредитори.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top