Пестицидите предизвикуваат 200 илјади смртни случаи годишно

pesticiddddd.jpg

Пестицидите, кои се користат во земјоделството годишно предизвикуваат 200 илјади смртни случаи ширум светот и тоа воглавно во земјите во развој.

Обединетите нации наведуваат дека пестицидите не се потребни за осигурување на растот на земјоделското производство за растечката популација.

Овие податоци се содржани во посебен извештај на ОН, кој е доставен до Советот за човекови права на Светската организација во Женева.

– Пестицидите се одговорни за околу 200 илјади смртни случаи годишно поради акутно труење. Дури 99 отсто од смртните случаи поради пестициди се забележани во земјите во развој, се наведува во текстот.

Меѓутоа во текстот се додава дека „обично се смета дека индустриски интензивираното земјоделство, кое во голема мера се потпира на пестицидите, е потребно за зголемување на приносот на посевите за хранење на светската популација“.

Според амбасадорите на ОН ова уверување е погрешно, имајќи предвид дека во изминатите 50 години глобалната популација е зголемена повеќе од два пати, додека обработливите површини се зголемиле за само десет отсто.

Пестицидите предизвикуваат загадување на животната средина, доведуваат до смрт или болест на луѓе, ги дестабилизираат екосисемите со менување на односот на предатори и жртви и ја ограничуваат биолошката разноликост.

Но фирмите од земјоделскиот сектор и произведувачите на пестициди ја демантираат штетноста на тие хемикалии и со агресивни маркетиншки техники ја прикриваат реалната состојба.

ОН наведуваат дека општ договор, со кој е уредува опасноста од пестициди не постои и како без користење или со минимално користење на отровни хемикалиии може да се произведе похранлива и поздрава храна, која не ги загадува и не ги исцрпува природните ресурси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail