Пет апликации кои веднаш треба да ги избришете !

aplikacii.jpg

Од далеку сите апликации во Google Play не се подеднакво корисни. Сепак, по принципот „пробав-згрешив“, многу корисници симнуваат прилично бескорисни мобилни апликации.

Затоа денес ќе изброиме дел од нив. Одбравме 5.

1. Апликации кои штедат RAM меморија

Ниту една апликација не може да ја подобри работата на вашиот смартфон со чистење на оперативната меморија. Ако некоја од вашите апликации го ветува токму тоа веднаш деинсталирајте ја.

2. „Clean Master“ и други програми за чистење

Апликации кои бришат непотребни датотеки не ви се потребни. Избегнувајте ги. Датотеките кои овие апликации ги сметаат за непотребни, постојат не без причина. Тоа значи дека само ќе си навлечете проблеми.

3. Антивируси

Google Play и оперативниот систем Android самостојно ја вршат за вас улогата на антивирус. Едноставно не инсталирајте апликации со непознат извор. Антивирусната програма само ќе ги троши дополнително ресурсите на вашиот смартфон.

4. Апликации за штедење на батеријата

Ако некоја апликација ви ветува дека ќе ја оптимизира потрошувачката на енергијата и ќе ја продолжи автономната работа на телефонот, избришете ја. Таа не е способна да се справи со оваа задача.

5. Прединсталирани апликации

Ако кај вас е можно тоа, елиминирајте ги непотребните апликации кои сте ги виделе при првото вклучување на телефонот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail