ВИДЕО: Пет-годишно детенце ги знае сите држави во светот и нивните знамиња

dete.png

Мал гостин во шоуто на Елен Деџенерис ќе ве импресионира со своите географски познавања.

5-годишниот Нејт Селцер ги знае сите земји од светот и може да ги препознае знамињата на секоја една од нив.

Во видеото, Елен му покажува знамиња и држави од светот на Нејт, а тој без проблем точно ги препознава. Малиот сезнајко не може да си ја скрие среќата кога добива громогласни аплаузи од публиката. На крајот, се разбира, Нејт добива подарок од познатата водителка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail