Пет најмлади милијардери на светот

mil.jpg

Магазинот „Forbes“ ја состави листата од најбогатите луѓе на светот. Она што привлече внимание е дека меѓу милијардерите се најдоа и неколку млади личности.

Моментално најмлади милијардери се 21-годишната Александра Андерсен и нејзината сестра, 22-годишната Катарина. Богатството и на едната и на другата е проценето на 1,4 милијарди долари.

Меѓу петте најмлади милијардери, тројца живеат во Норвешка.

5. Џон Колисон (27) – Милијарда долари

Откако го напупшти Харвард, Колисон со својот брат го основаше „Stripe“, американски сервис за плаќање преку интернет. Иако се родени во Ирска, работат и живеат во Сан Франциско, каде што и се наоѓа нивната компанија. Вредноста на оваа компанија е проценета на 9,2 милијарди долари.

4. Иван Шпигел (27) – 4,1 милијарди долари

Шпигел со другар од Стенфорд 2011 година направил апликација за размена на фотографии, Snapchat. Кога нивната апликација стана една од најбараните, Шпигел стана најмладиот извршен директор на јавна компанија. Околу 170 милиони луѓе секојдневно ја користат оваа апликација.

3. Густав Магнар (24) – 1.9 милијарди долари

Густав Магнар поседува речиси половина од норвешката рибарска компанија „Салмар“, еден од најголемите светски произведувачи на лосос. Неговиот татко, кој се уште ја води компанијата, му дал удел во 2013 година. Додека неговиот татко управува со компанијата, Густав се занимава со вложување во недвижности.

2. Катарина Андерсен (22) – 1.4 милијарди долари

Вториот најмлад милијардер на светот е сестрата на Александра Андерсен. Овие сестри наследија 42 отсто од семејната инвестициска компанија Ferd. Нивниот татко и понатаму управува со компанијата.

1. Александра Андерсен (21) – 1.4 милијарди долари

Александра е најмлада милијардерка на светот со само 21 година. Нивната компанија е активен инвеститор на берзата во Норвешка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top