Петиција за откажување на државната матура поради коронавирусот

hesFibAYTeiVQCf-800x450-noPad-702x336-1.jpg

Преку петиција се бара од Министерството за образование и наука да ја откаже државната матура за оваа учебна година поради вонредната ситуација која настана пред две недели поради Ковид-19 коронавирусот.

„Ситуацијата кај нас моментално прогресира и не запира. Никој не може да претпостави уште колку ќе трае моменталниот хаос. Немаме онлајн часови со кои би можеле да се поткрепиме и да ги надокнадиме изгубените часови, но и тие го немаат истиот ефект како регуларните часови во поглед за подготвување за матура“, стои во петицијата.

Неа досега ја потпишале повеќе од 3600 граѓани, а започна да се шири на социјалните мрежи вчера.

„Секој ученик има право да се запише на студии со оглед на амбициите коишто ги поседува истиот, без одолговлекување на факултетските уписи. Со оглед на вонредната состојба која доминира на светско ниво, се надеваме на позитивен одговор од надлежните. Ние матурантите бараме оценките од матурскиот испит да бидат заклучени од успехот од изминатите четири години“, се додава во петицијата.

Целиот текст прочитајте го на радиомоф.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail